Средства за субвенции за купување возила што беше најавено за следната година, во буџетот не се предвидени. Работна група што била формирана и го разгледувала ова прашање одлучила средствата да се алоцираа таму каде ќе дадат најдобар ефект.
Ова го соопшти денеска министерката за финансии Нина Ангеловска одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата за проектот „Купи куќа, купи стан“, најавувајќи дека наскоро ќе биде соопштено повеќе за Законот за данок на моторни возила кој е усвоен од Владата и за други мерки што се во насока на намалување на аерозагадувањето.
-Беше разговарано, и одлучено дека приоритет на Владата е средствата да бидат алоцирани онаму каде ќе дадат најдобри резултати. Таа мерка беше дебатирана, имаше работна група што беше формирана и средствата се алоцирани за да го дадат најдобриот ефект, изјави министерката, додавајќи дека целта е средствата на граѓаните насочени преку кој било проект да го дадата најдобриот резултат.
МИА