Поради протек на 90 денови од последното судење, формално од почеток почна судењето за предметот „Трезор“ на Специјалното јавно обвнителство (СЈО), пренесува А1он.
Поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, се појави на судењето, откако во петок преку медицинска документација, неговиот адвокат побара рочиштето да биде одложено. На денешното рочиште беше прецизирано обвинението во однос на износот на штетата.
Предметот е во фаза на доказна постапка и треба да продолжи со сослушување сведоци.
Мијалков, Горан Грујевски, поранешниот началник на петтата управа, Тони Јакимовски, ексшефот во кабинетот на Мијалков и Небојша Сајковиќ, експомошник министер во МВР член на Управен одбор на Телеком се обвинети дека набавиле опрема за прислушување во Лондон, 2010 година, но набавката не одела преку МВР, туку преку компанијата „Финзи“. Според обвинението на СЈО, „Финзи“ во договор со УБК и МВР увозот на опремата го фактурирала по двојно поскапа цена.
Следното рочиште е закажано за 21 октомври.