еМагазин
Image default
Македонија

Судот треба да процени кога ќе ја издаде наредбата за апсење на Груевски

Судот треба да процени дали пратеникот Никола Груевски е достапен или не е за органите на прогонот, па да издаде наредба за негово апсење, брифираат адвокати за „еМагазин“.

Судските служби утре повторно ќе се обидат да му го достават решението за издржување на затворска казна, а ако не го лоцираат, останува на Судот дали ќе даде налог за апсење.

Груевски за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство на суд треба да се јави дури во среда, а до тогаш службите треба да го бараат на друго место. На домашната адреса во петокот имаа три неуспешни обиди.

Тој денеска повторно не се појави ни во Собрание, каде на собраниска Комисија се расправа за четвртиот нацрт-амандман за промена на Уставот.

Телевизијата Телма објави дека судот нема да чека до среда. Од Основен суд Скопје 1 за телевизијата велат дека утре ќе ги направат последните напори да му ја врачат одлуката по жалбата, а ако тој не се јави со упатниот акт во затворот Скопје во Шутка, заклучно понеделник, веќе во вторник, Груевски ќе го бара полицијата.

„Ако судот одлучи дека Груевски ја избегнува одлуката, веќе во вторник следните чекори се присилно да биде спроведен во придружба со полицијата или издавање на налог за апсење, што е во согласност со судската пракса“, велат од Основен суд Скопје 1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што го чека Груевски во затвор: Туширање еднаш неделно, наутро треба да си го мести креветот, да прави генералка на собата во сабота…

Груевски и во затвор ќе зема пратеничка плата и ќе му тече работниот стаж

Ќе го најдат ли утре Груевски судските службеници

Груевски хит на Твитер: „Го нема никаде, ко мајка ми да го кренала“

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секогаш зависи од која перспектива гледате: Ковачевски за песимизмот на Црвенковски за ЕУ

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 42 лица, приведени 37 лица

Редакција

Кои компании донираа пари за изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова“?

Редакција