еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судскиот совет ја разреши судијката Татјана Михајлова поради злоупотреба на АКМИС системот

Судскиот совет на денешната седница разреши судија од Основниот кривичен суд Скопје поради поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција.

Постапката за разрешувањето на судијата, како што изјави претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, се водела околу една и пол година, но притоа не сакаше да открие за кого станува збор.

-Не можам да ви кажам за кого одлучувавме, меѓутоа факт е дека на денешнта седница имавме посебна точка за утврдување на одговорност на судија и нашата одлука е дека се разрешува од функцијата судија на конкретниот суд, поради повреда на одредбите од судскиот деловник по однос на примената на системот, изјави Здравев по завршувањето на седницата.

Посочи дека, нестручното работење на судијата е утврдено за период од две до три години.

Како една од причините поради кои толку време се водела постапката, првиот човек на Судски совет го посочи недоаѓањето на конкретниот судија на закажаните расправи.

Подетално за предметот, како што рече, неможе да каже од причини што мора  да се почитува пресумцијата на невиност.

– Кога нашата одлука ќе стане правосилна, ние ќе објавиме и во Службен весник на РСМ со одреден мал степен на минимизирање, истакна Здравев.

Иако Здравев не сакаше да го каже името на разрешениот судија, неофицијално, како што објавија медиумите, станува збор за Татјана Михајлова, а главна причина е злоупотреба на АКМИС системот.

На денешната седница, Судскиот совет констатира престанок на судиската функција на судијка Јулијана Гареска од Основниот суд Куманово, по нејзино барање поради исполнување на услови за пензија.

Судијката, како што рече Здравев, од здравствени причини поднесе барање за престанок на функцијата, бидејќи исполнува услови за пензија со 62 години и 15 години стаж.

Здравев, одговарајќи  на новинарско прашање, рече дека во 2020 година за утврдување на одговорност поднесени биле барања пред Судски совет за околу 107 судии.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 60 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

(Фото) Струга забрани шетање низ градот во бикини и костуми за капење, поставени се и предупредувачки знаци

Редакција

Министерството за правда ќе поднесе нови барања за екстрадиција на Никола Груевски, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири

Редакција