еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судскиот совет ја разреши судијката Софија Лаличиќ

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука со која е продолжена постапката по едно барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

– Донесена е Одлука со која еден судија се разрешува од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено донесена е Одлука со која времено се оддалечува од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката, се вели во соопштението на Судскиот совет на РСМ.

Разрешената судијка, како што известија дел од медиумите е Софија Лаличиќ, од Кривичниот суд Скопје. Името на ова судијка се спомнуваше и во „бомбите” од незаконските прислушувани разговори објавени од опозицијата во 2015 година.

Министерот за правда Бојан Маричиќ пред неколку дена информираше дека досега се донесени одлуки за разрешување на 11 судии.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео од дрон) ВМРО ДПМНЕ повторно протестираше пред Владата

Редакција

Поевтинуваат дизелот, мазутот и бензинот „Еуросупер 98“, цената на „Еуросупер 95“ останува иста

Редакција

Косовскиот заменик-министер за правда најави посета на осудените за „Диво насеље“

Редакција