еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Светиот благодатен оган за Велигден во Македонија ќе дојде од Атина, каде што ќе го донесе грчка делегација од Ерусалим

Комисијата за односи со верските заедници информира дека годинава на 1 мај кога се празнува Велика Сабота и во Македонија во вечерните часови ќе пристигне Светиот благодатен оган на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски на Меѓународниот аеродром во Атина, ќе го превземе Светиот благодатен оган од страна на грчката државно-црковна делегација која ќе го донесе од Ерусалим, каде речиси два милениуми се симнува во пладневните часови во Христовиот гроб во црквата на Христовото Воскресение на Велика Сабота.

„По пристигнувањето Светиот оган на Меѓународниот аеродром во Скопје ќе биде пречекан и преземен од претставници на православните епархии, кои ќе го однесат во сите градови ширум државата.

Директорот на Комисијата Сотировски по доаѓањето светиот оган ќе му го предаде на Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во резиденцијалниот манастир Св. Георгиј Победоносец во Скопје,“ информираат од Комисијата.

Од таму апелираат за задолжително придржување до мерките за заштита од корона вирусот, со особен акцент задолжително носење на заштитна маска во храмовите и надвор од нив.

Фото: Фејсбук/Бигорски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

В петок портокалова фаза, температури и до 43 степени и УВ индекс 10

Редакција

Приведени седум лица за трагедијата кај Ласкарци: Неисправните сопирачки и брзото возење главни причини за несреќата

Редакција

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ испрати 20 тони производи хуманитарна помош во Украина

Редакција