еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Светската економија годинава ќе порасне за помалку од 3%, предвидува ММФ

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска соопшти дека светската економија ќе доживее еден од најслабите периоди на раст во последните неколку децении и оти растот ќе биде помал од три проценти во 2023 година.

– И покрај силата на пазарот на труд и потрошувачката на потрошувачите во повеќето напредни економии, како и закрепнувањето поврзано со повторното отворање на Кина, очекуваме раст од помалку од три проценти за 2023 година, изјави директорката на ММФ Кристалина Георгиева пред дипломати во Вашингтон.

Во претходниот извештај на ММФ за светската економија, на крајот на јануари, веќе беше предвиден раст од 2,9 отсто во 2023 година.

Георгиева додаде дека таквиот раст ќе биде околу три проценти во следните пет години.

Генералната директорка на ММФ рече дека приоритет треба да остане борбата против инфлацијата.

Таа изрази загриженост за состојбата со јавните финансии во повеќето земји, бидејќи јавниот долг е зголемен речиси секаде во светот, под влијание на пандемијата на коронавирусот, а потоа и поради последиците од руската инвазија врз Украина.

Според неа, значајни се предизвиците на кои треба да се одговори, особено за да се овозможи еколошка транзиција на земјите во развој, чии потреби се проценуваат на 1.000 милијарди долари годишно во следните неколку години.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со кратење на шест дневници, Европарламентот го казни бугарскиот европратеник Џамбаски поради нацистичкиот поздрав

Редакција

Каков имот пријавил Драган Миновски, директорот на ЕСМ, кој Владата предлага да биде сменет

Редакција

Италијанска извонредност во дизајн и одржлива мода со Моден Викенд Скопје

Редакција