еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Свисслион“ ја прогласи за успешна понудата за преземање на „Агроплод“

„Агроплод“ АД Ресен преку Македонската берза го пренесува соопштението на „Свисслион“ во кое се информира дека понудата за преземање на „Агроплод“ ја прифатиле 13 сопственици на обични акции со право на глас кои поседуваат 7.956 обични акции, што претставува 30,05% од од вкупниот број акции издадени од компанијата.

„Во понудата за преземање не беше определен услов за најмала количина обични акции со право на глас која треба да биде прифатена за понудата за преземање да се смета за успешна.

Врз основа на горенаведеното, понудата за преземање е успешна“, пишува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Игор Јанушев, кој доби условна казна за набавката на кинеските автобуси

Редакција

(Фото) Баба Доста од Кичево доби над 500 илјади евра на Лото 7

Редакција

Потрошувачката на вода зголемена за 30%, трошете ја рационално

Редакција