еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

Пет имале неисправни сопирачки: СВР Тетово за неколку часа откри дури седум неисправни автобуси

Сообраќајната полиција денеска од 9 до 15 часот на подрачјата на Тетово и Гостивар спровеле засилени контролни мерки со кои биле опфатени автобуси кои вршат јавен превоз.

Притоа откриени се и законски санкционирани се седум такви возила.

– При контролата, откриени и санкционирани се седум технички неисправни автобуси од кои шест на тетовско и еден на гостиварското подрачје.

Од нив, четири во Тетовско и едниот во Гостиварско имале неисправни сопирачки, додека преостанатите неисправен уред за управување и недостиг на опрема-ПП апарат, информира порпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Сите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и против возачите и фирмите, правни лица, ќе следуваат соодветни поднесоци.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Медицинска сестра нападната од семејство на починат на КАРИЛ

Редакција

Нови 53 случаи на Ковид-19, нема починати

Редакција

Во Албанија Бугари ниту имало, ниту има, велат Македонците од Преспа, Голо Брдо, Гора

Редакција