Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на можно тестирање на безбедноста и ефикасноста на новата вакцина против Kовид-19 одобрена во Русија, соопшти денеска портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија станала првата земја во светот што дала регулаторно одобрение за вакцина против Ковид-19 по помалку од два месеци тестирања врз луѓе.
– Ние сме во близок контакт со руските здравствени власти и во тек се разговори за евентуална проверка на безбедноста и ефикасноста на вакцината во рамки на СЗО, но овој процес вклучува ригорозен преглед и проценка на сите потребни податоци за безбедност и ефикасност, рече Јашаревиќ на брифинг на ООН во Женева.
Русија ја нарече својата прва одобрена вакцина против Ковид-19 „Спутник V“ за странските пазари, што е референца на првиот светски сателит и што Москва го смета за свој успех, бидејќи е прва земја што ја одобри вакцината, изјави денеска висок официјален претставник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Спутник 5“ – вакцина за политичка победа на Русија или вистински лек за корона вирусот
Путин: Русија ја има првата вакцина против корона вирусот, вакцинирана е и мојата ќерка
Фото: Фејсбук/Путин