еМагазин
Image default
Свет

СЗО: Не е време за опуштање пред пандемијата со Ковид-19

Претставникот на Светската здравствена организација (СЗО), Марија Ван Керкове, оцени дека не е време за опуштање пред пандемијата, иако бројот на новозаболени лица опаѓа низ целиот свет и е најниска стапка на инциденца од средината на октомври 2020 година.

Таа додаде дека оптимизмот во врска со излезот од кризата, исто така, го намалува ширењето на нови варијанти на вирусот, како и сомнежите во ефикасноста на вакцините.

– Не смееме да се доведеме во ситуација во која повторно би имале зголемување на бројот на пациенти, предупреди Ван Керкове.

Во изминиатите 24 часа, во светот се потврдени 351.335 нови случаи на Ковид-19 и 10.957 смртни случаи. Досега, вакцинацијата почна во 85 земји, а администрирани се нешто помалку од 188 милиони дози.

МИА/Фото: Photo by CDC on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична од Русија за обвинителите и судиите на Меѓународниот кривичен суд, кој сака да го уапси Путин

Редакција

Фајзер годинава очекува 15 милијарди долари од продажбата на вакцината против Ковид-19

Редакција

Тајланд легализира одгледување канабис, владата донира еден милион садници на граѓаните

Редакција