еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

СЗО: Состојбата во Западен Балкан е многу сериозна

Претставничката на Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО), Кетрин Смолвуд денеска предупреди на ситуацијата со коронавирусот во Западен Балкан и ја оцени како крајно сериозна.

– На Западен Балкан, имаме ситуација каде болниците треба да извршат пренамена, што значи дека другите видови медицински услуги се нарушени и одложени, а тоа повторно значи дека системот ќе биде оптоварен и во иднина.

Тоа значи дека мора да ги примениме сите мерки без да чекаме за да ја намалиме стапката на инфекција, изјави Смолвуд за РТС.

Таа, исто така, оцени дека трите варијанти на коронавирусот, првпат откриени во Велика Британија, ЈАР и Бразил, се многу загрижувачки, но потенцира дека СЗО внимателно ги следи мутациите.

– Можно е ефикасноста на некои вакцини да е помала во случаи на мутирани вируси, но тоа не значи дека не функционира, рече Смолвуд, додавајќи дека тоа е можно и дека во одреден момент ќе треба да се даде дополнителна доза на вакцината.

– Ние ќе го набљудуваме тоа и редовно ќе се прилагодуваме. Се подготвуваме за тоа, но кога станува збор за првата рунда на вакцината, препорачуваме да примат иста вакцина од ист производител од двете дози што ги добиваат, рече таа.

Смолвуд рече и дека Европа досега не вакцинирала ни приближно толку луѓе што би било доволно да се влезе во друга фаза од пандемијата и оти е опасно ако не се сфати дека е тоа така.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Свети Николе го има најголемото велигденско јајце во земјава: Високо е три метри

Редакција

Последиците од глобалното затоплување се забрзуваат: Последните пет години најтопло во историјата на мерењата

Редакција

Македонија избришана, Русија додадена на „црната листа“ на даночни раеви на ЕУ

Редакција