еМагазин
Image default
Бизнис

Tриглав Осигурување лани со зголемена добивка

Tриглав Осигурување АД, Скопје заклучно со 31.12.2023 година оствари нето добивка од работењето во износ од 47,3 милиони денари, што претставува раст од 6,8 милиони денари во однос на 2022 година, информираше Друштвото преку Македонската берза.

-Нето приходите од премија за 2023 година изнесуваат 1.067 милиони денари, што претставува зголемување во однос на 2022 година за 4.2%, односно за 41 милиони денари.

Гледано аналитички, причините за растот се: падот на бруто премијата за 45,2 милиони денари, што делуваше негативно на нето приходите од премијата, падот на премијата предадена во реосигурување и соосигурување за 19,7 милиони денари, што делуваше позитивно на нето премијата, промената во нето резервите за преносна премија, во споредба со 2022 година, влијаеше позитивно за 66,5 милиони денари, приходите од финансиски вложувања изнесуваат 57,6 милиони денари и се за 0.9% повисоки од 2022 година, поради растот на приходите од камати (повисоки каматни стапки на вложувањата).

91% од приходите се однесуваат на камати, а 3% се однесуваат на приходи од наемнини.

Останатите приходи од вложувања главно произлегуваат од реализирани капитални добивки и позитивни курсни разлики на финансиските вложувања во странски валути.

Приходите по основ на провизии од реосигурување изнесуваат 89,3 милиони денари и се пониски за 1.7% во однос на 2022 година, во согласност со пониската премија предадена во реосигурување, велат од таму.

Oстанатите осигурителни приходи се повисоки за 0,8 милиони денари во однос на 2022 година, додека останатите приходи се пониски за 3,8 милиони денари во однос на 2022 година, односно за 22,6%, посочуваат од таму.

-Разликата генерално е поради тоа што во 2022 година Друштвото имаше остварено капитална добивка од 2 милиони денари од продажба на основни средства (возила).

Нето расходите за штети се во износ од 572 милиони денари и се за 5,1 милиони денари (1%) повисоки од минатата година.

Гледано аналитички, причините за падот се: пад на бруто ликвидираните штети за 41,5 милиони денари, што делуваше позитивно на нето раходите за штети, пад на бруто ликвидираните штети под реосигурување за 1,7 милиони денари, што делуваше негативно на нето раходите за штети, промена во нето резервите за штети во споредба со 2022 година, влијаеше негативно за 39,3 милиони денари.

Останатите технички резерви се за 2,3 милиони денари, зголемени поради зголемените резервации на бонуси за позитивен технички резултат.

Трошоците за бонуси и попусти изнесуваат 34,0 милиони денари и се за 1 милион денари, повисоки од 2022 година, воглавно поради поголемиот износ на попусти во класа 2 (здравствено осигурување) за околу 3,5 милиони денари, велат од таму.

Нето трошоците за спроведување на осигурувањето во деловната 2023 година изнесуваат 513 милиони денари, што претставува раст од 9.7% или 45,5 милиони денари во однос на истиот период претходната година, велат од таму.

-Најголемо влијание за растот имаше позицијата „одложени трошоци за стекнување“, а кои во 2022 година имаа значително позитивен ефект на трошоците поради промена во методологијата за пресметка (сметководствена проценка).

Трошоци од вложувања се минимални (износ од 0,8 милион денари ) и се генерално на ниво на минатата година.

Останати осигурително технички трошоци се во износ од 63,8 милиони денари и ова претставува пад од 1.5% (1 милион денари), а најголемо намалување има кај штетите за непознати и неосигурени возила (Гарантен фонд), велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Tриглав осигурување со раст на добивката

Tриглав Осигурување во првиот квартал со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за одбрана и општина Карпош најтранспарентни, најмалку информации се објавуваат за финансиите

Редакција

Трифун Костовски: Невистина е дека моето семејство учествувало во криминалот во Еуростандард банка

Редакција

БЕГ има законска обврска да обезбеди парно греење, во спротивно може да остане без лиценца, вели Бектеши

Редакција