Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи пред денешната средба на коалициските партнери на СДСМ во Влада, по вчера најавената оставка на премиерот Зоран Заев, изјави дека неговата партија останува дел од владејачката коалиција и не гледа никаква причина нешто драматично да се случи.
– Не гледам никаква причина нешто драматично да се случи. Сакаат да ја изместат темата. Беа локални избори. Ако сакат да зборуваат за легитимитет на Влада, оваа влада и на овие избори има легитимитет. Апсолутно има многу повеќе гласови од опозицијата, рече Тачи.
Тој нагласи дека смета оти ништо драматично нема да се случи.
– Дали ќе се делиме на албанска или македонска опозиција или ќе останеме Влада и опозиција. Влада и опозиција на овие избори разликата е над 100 илјади гласови. Не очекувам ништо, рече Тачи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Состанок на Заев во Владата со лидерите на коалициските партнери
МИА/Фото: ДПА