еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Талат Џафери не спори дека и тој се знае со обвинителот Абази

Познанството со новоизбраниот шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази со луѓе на ДУИ, не треба да коментира, со оглед дека станува збор за претставници на различни власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Ислам Абази излажа, објавени фотографии со него и функционери на ДУИ на приватни средби, лов…

Вака одговори Талат Џафери на прашањето на МИА околу релациите помеѓу владејачка партија и обвинителот.

– Прво и основно јас сум претседател на Собранието и како пратеник и како Собрание ние сме посебна власт, тие се посебна власт. Ние сме мала држава. Ако одиме од тоа дали се познаваме или не, ќе биде некоректно да кажеме дека ние не го познаваме човекот којшто ни бил во Вишото обвинителство во Гостивар.

Така што, во тој контекст не е спорно ние дали се знаеме или не, рече претседателот на Собранието.

Според првиот парламентарец секој поинаков коментар оди на штета на системот и на властите и нагласи дека познанствата не треба бидат пречка некој граѓанин биде избран за функционер, а личните релации не треба да се отежителна околност.

– Тоа не треба да е спорно и доколку утре негде бидете избрани, а се познавате со претседателот на Собранието тоа да биде пречка во тој избор. Правото на избор е право загарантирано на секој граѓанин да биде избран, именуван, да гласа, да биде избран.

Така што, во тие рамки не би смеело да се коментира, подвлече Џафери, кој денеска беше на настан во Гостивар за популаризирање на работата на Парламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фотографиите на Абази со првите луѓе на ДУИ оставаат простор да се верува дека постоело некакво влијание, вели претседателката на Антикорупциска, Ивановска

„Абази го знае Али Ахмети само од телевизија“: Новиот шеф на ОЈО ГОК на „тапет“ на Твитер

Мистериозен како и Катица Јанева: Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ако се чуваш ти, ги чуваш и другите“: Твитер реакции за корона вирусот

Редакција

„Едусофт“ го доби тендерот на МИОА за модернизација на системот на електронско управување со документи „тежок“ 820.000 евра

Редакција

(ГАЛЕРИЈА) Голема посетеност на првата Парада на гордоста во Скопје

Редакција