еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ТАВ Македонија потврди дека „easyJet“ влегува на македонскиот пазар со авиолинија од Женева до Скопје

Авиокомпанијата Изиџет (еasyJet) од 1 ноември влегува на македонскиот авијациски пазар со авиолинија од Женева до Скопје, три пати неделно, секој понеделник, четврток и петок.

Од ТАВ Македонија денеска информираа дека станува збор за сезонска авиолинија од 1 ноември до 25 март следната година.

– Авиобилетите се пуштени во продажба преку веб-страницата на Изиџет (easyJet) www.easyjet.com, со цени што почнуваат од 1.476 денари за авиобилет во една насока, информираат од ТАВ Македонија.

Новата сезонска авионска линија, како што велат од Изиџет, ќе им овозможи на граѓаните да ги посетат своите семејства и пријателите или да го откријат градот на раскрсницата на Балканот, богат со повеќе влијанија, како и со бројни културни и природни локалитети.

Од ТАВ Македонија се задоволни што авиокомпанијата Изиџет влегува на македонскиот авијациски пазар и покрај тековната глобална криза во авијацијата предизвикана од Ковид-19, како и фактот дека многу земји сè уште имаат рестрикции за авионските патувања.

Женева ќе биде третата дестинација од Швајцарија со која од Меѓународниот аеродром Скопје ќе има воздушна конекција, по Цирих и Базел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нискобуџетната авиокомпанија easyJet влгува на македонскиот пазар, стартува со лет од Скопје до Женева

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Град на духови: Како изгледа од дрон кинескиот град Вухан кој е во карантин поради корона вирусот

Редакција

Може да биде спроведен во затвор: Пресудата за Груевски стана правосилна

Редакција

Скоро 50% од децата во градинките во Скопје се невакцинирани или се делумно против голема кашлица

Редакција