На истек на апанажата откако лани изгуби на изборите за градоначалник на Арачиново, Миликијe Халими победи на конкурсот и со средно училиште ќе биде инспекторка во Царината, објави Телма.
Од Царинската управа за телевизијата потврдиле дека од сабота и почнува работниот ангажман, кој е склучен на определено време од три месеци.
-Миликијe Халими има заснован работен однос на определено време во Царинската управа од 01.10.2022 година, по спроведен јавен оглас за вработување на определено време, на работно место инспектор во Сектор за контрола и истраги, со средно образование согласно Правилникот за систематизација, одговорија од Царината.
Огласот бил распишан на 5. септември, Халими ќе биде вработена како инспектор за истраги во Служба за борба против економски криминал во Сектор за контрола и истраги на Царината.
Платата ќе и биде околу 500 евра, односно за нејзиното место е предвиден месечен приход од 29.823 денари.
Халими има средно училиште, но не економско туку медицинско.
Фото: СДСМ