еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тешко е да се обезбедат сите докази за дојавите за бомби, бидејќи домените се од други држави, вели Спасовски

Министерството за внатрешни работи денеска поднесе една кривична пријава за дојавите за бомби во училиштата. Направени се проверки во училиштата, остана уште едно, каде проверките се при крај, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во одговор на новинарско прашање по поднесената кривична пријава за малолетник, кој испратил една од лажните дојави за бомби во училиштата.

-Не станува збор за тоа дека има експлозивна направа, но истата таа вознемиреност што ја споделувавме за Скопје секако дека е и за таму, вели Спасовски, откако и денеска имаше дојави за бомби во училишта во Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Евакуирани и деца од градинка по дојавата за бомби во училишта во Кавадарци

Тој појасни дека според првичните сознанија станува збор за домен регистриран во Соединетите Американски Држави и како што вели тоа покажува за сериозноста во однос на хибридните напади.

-Кажав дека е тешко да се обезбедат сите докази, бидејќи ова претставува национален криминал. По добивање на какви било информации веднаш е стапено во контакт со надлежни служби со цел да се обезбедат докази и да може да се прекине овој процес, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за малолетник кој испратил една од лажните дојави за бомби во училиштата

Иноваторот Ангелков од Кавадарци со решение за заканите за бомби во училиштата

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

16-годишна девојка починала од Ковид-19 на Клиниката за инфективни болести

Редакција

Судењето за „27 април“ одложено за да одбраната на Чавков може да се подготви за изведување на предложените докази

Редакција

Снимките од Албанија од бегството на Груевски не можат да се обезбедат, бидејќи системот автоматски ги избришал

Редакција