еМагазин
Image default
Бизнис

Тиквеш лани работел со намалена добивка

Вкупните приходи винарската визба Тиквеш АД Кавадарци лани забележаа намалување од 13,7%, односно намалување за 240,7 милиони денари, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Намалувањето на приходите се должи на намалени приходи генерирани од домашниот пазар (за 19,6%) и од странските пазари (за 5,7%).

Бруто добивката бележи намалување од 24%.

Зголемените трошоци за продажба и маркетинг за 6,3 милиони денари и останатите оперативни расходи за 13,3 милиони денари резултираа со оперативна добивка од 84,7 милиони денари или намалување за 61% споредено со 2019 година.

Со одложена отплата на долгорочните кредити, финансиските расходи се намалија за 23,8 милиони денари.

Остварена е нето добивката од редовното работење пред оданочување на износ од 79,4,2 милиони денари или намалување за 57,7%“, информираат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Оргинални за Свети Трифун: Вработените во Тиквеш на чело со Свето ја изиграа Jerusalema

Фото: Тиквеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Аџибадем Систина“ отвора педијатриски ковид-центар

Редакција

Топ 10 најтргувани акции на Македонската берза во април

Редакција

ЖАС лани во минус и со блокирана сметка од извршител

Редакција