еМагазин
Image default
Бизнис

Titan Cement Netherlands B.V по спојувањето со AEAS Netherlands B.V. поседува 95% од акциите на Цементарница Усје

Како резултат на спојување на Titan Cement Netherlands B.V. и AEAS Netherlands B.V., две компании во рамки на Групацијата Титан, сите средства кои припаѓаа на AEAS Netherlands B.V. (вклучително и 929 обични акции издадени од Цементарница УСЈЕ АД Скопје) преминаа во сопственост на Titan Cement Netherlands B.V., информираат преку Македонската берза од Цементарница Усје.

“По извршениот нетрговски пренос на акции, Titan Cement Netherlands B.V. поседува вкупно 535.596 акции, односно 95% од вкупниот број на акции со право на глас издадени од Цементарница УСЈЕ АД Скопје“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Аутомакедонија“ со намалена добивка во првите три месеци од годинава

Редакција

Директорот на „Градски паркинг“ – Скопје, Бојан Христовски поднесе оставка

Редакција

(Фото) Стопанска банка АД – Скопје одбележува почеток на градба на нова управна зграда, прва во својата богата историја

Редакција