Тито Беличанец денеска поднесе писмена оставка од член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје заклучно со 30.6.2020 година, информираат од банката преку Македонската берза.
„Професорот д-р Тито Беличанец е член на Надзорниот одбор на Банката од нејзиното основање во 1993 година. Со својот професионален, стручен и активен ангажман во годините што изминаа, остава значаен позитивен придонес во изградбата на еден модерно корпоративно управуван економски субјект како што е ТТК Банка АД Скопје денес.
Мисијата на ТТК Банка АД Скопје да создава вредности за нејзините комитенти, акционери и вработени на која професорот Беличанец беше целосно посветен, останува и понатаму главното мото на кое се заснова нашата стратегија во работењето.
Во оваа прилика, ТТК Банка АД Скопје ја изразува својата благодарност кон проф. д-р Тито Беличанец за досегашното членство во Надзорниот одбор на банката и му посакува и понатаму да остане активен во претставувањето на своите идеи за изградбата на модерните корпоративни вредности на субјектите во македонската економија“, соопштија од банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тито Беличанец даде оставка од Одборот на директори на „Тетекс“
КХВ го казни Тито Беличанец: Имал „инсајдерски“ информации кога продал акции од „Тетекс“
Тито Беличанец продаде 4.000 акции од „Тетекс“ за 146.000 евра