Град Скопје по распишаниот тендер за набавка на патнички моторни возила склучи договор со трговското друштво за трговија со возила и резервни делови „Тојата Авто-Центар“ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје.
Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 6.299.878 денари или околу 102.000 евра. Предмет на набавка се шест градски возила „Тојота Јарис“ на хибриден погон.
Фото: Autocar.com
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.