Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесува 31.812 денари и е за 11,5 проценти повисока од просечната плата во истиот месец лани.
Според податоци на ДЗС најниската просечна нето-плата за овој период е исплатена во секторот Услуги поврзани со одржување на згради и дејности за уредување и одржување на животна средина – 20.183 денари, следи Производство на кожа и слични производи од кожа – 21.769 денари, па Производство на облека – 22.229 денари, Рибарство и аквакултура – 22.326 денари и Дејности за подготовка на оброци и служење на храна – 22.710 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Топ 5 највисоки нето-плати во јули
Колку изнесува највисоката просечна бруто-плата во јули
Просечната нето плата во јули 31.812 денари