еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Топ пет најплатени професии: Просечната плата на програмерите надмина 1.000 евра

Државниот завод за статистика ги објави податоците за просечната нето плата исплатена во јули, годинава од кои може да се види дека убедливо на врвот на листата топ пет највисоки плати е секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности каде просечната плата изнесува 60.112 денари.

На второ место е секторот воздухопловен транспорт со просечна плата од 51.504 денари, а на третото секторот финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови со 45.061 денари.

Следуваат секторите производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со плата од 43.392 денари и телекомуникации со просечна плата од 42.054 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камчев побара да биде изземен како сведок зашто му бил нарушен кредибилитетот

Редакција

„Макпетрол“ со три медали на првиот ден од Балканското карате-првенство

Редакција

Како Пендиков стана бугарски државјанин: Сценарио за Холивуд

Редакција