На 08.09.2020 околу 18 часот бил лишен од слобода С.К. (24) од с. Миравци на место викано „Лгот“, во атар на с.Миравци,гевгелиско. Кај него е пронајдена торба во која имало канабис, а во насадот биле пронајдени уште пет стебла од растението „Cannabis Sativa“ кои пријавениот ги имал засадено, информира МВР.
По издадена судска наредба бил извршен претрес во домот на пријавениот. С.К. бил лишен од слобода од полициски службеници од Полициска станица Гевгелија и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.