Адвокатот Александар Тортевски, иницијатор на „Твоја партија“ за весникот Независен вели дека Основачкиот конгрес на новата партија ќе биде на 7. декември, а дека во следниот период ќе биде утврдена платформата, статутот и моделот на организацијата.
Од партијата на престојните предвремени парламентарни избори се надеваат на пет до 10 пратеници.
„Сметаме дека има и тоа како место за партија што ќе биде исклучително во центарот, подеднакво оддалечена и од едните и од другите. Според проценките, се надеваме и посакуваме на изборите да добиеме доволно гласови што ќе ни обезбедат од пет до десет пратеници во парламентот“, вели за Независен Тортевски.
Фото: Телма
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.