еМагазин
Image default
Македонија

„Траекторија“ продолжува на 5 март, одбраната бара СМС пораките да не бидат доказ

Судењето за случајот „Таректорија“ односно постапката за избор на компанија за изградбата на автопатските делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, продолжува на 5. март, кога судот треба да се произнесе по барањето на одбраната, СМС пораките да не бидат прифатени како докази.

Бранителот на Владимир Пешевски на почетокот на денешното рочиште поднесе приговор до судот СМС пораките да не бидат прифатени како доказ, бидејќи според експертизата на вештото лице Орце Симов тие немаат да датум и време и биле менувани.

– Според вештакот имало измени на фајлот од кој биле претставени СМС пораките, односни тие биле модифицирани и имале нејасни датуми и време. Од тие причини бараме СМС пораките да не бидат прифатени како доказ, изјави адвокатката Снежана Савиќ.

Лиле Стефанова од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) рече дека одбраната има право да поднесува приговори, но дека реагира на делот каде одбраната поради економичност на постапката бара приговорот да се спои со сослушувањето на вештото лице од причина што согласно законот освен Јавното обвинителство и судот на главна расправа друга странка не може да бара вештачење.

– Доколку одбраната го има предложено лицето Орце Симов како сведок ќе имаме право на вкрстено испрашување и тогаш тие ќе може да го извлечат со своите прашања сето тоа на што приговараат. Ова е забелешка, не е приговор, изјави Стефанова.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Горан Бошевски.

Во „Траекторија” обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е во домашен притвор, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс директорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новите пасоши ќе бидат обезбедени за седум до 10 дена, вели Чулев

Редакција

Уставните промени да не се драматизираат, порача австрискиот претседател Белен од Скопје

Редакција

Стејт департмент: 127 македонски граѓани стапиле во терористички групи во Исламската држава, 38 биле убиени, 69 се вратиле, 19 останале

Редакција