Шестгодишно девојче од Тетово го изгуби животот откако како пешак било удрено од возило околу 18 часот на булеварот „Видео Смилевски-Бато” во Тетово, информира тетовската полиција.
Во девојчето удрил автомобил „фолксваген голф“ управуван од 30 годишник од село Фалише.
„Од ударот девојчето добило тешки телесни повреди. По пренесувањето во Тетовската клиничка болница подлегнало на повредите. Возачот учесник во несреќата е обезбеден за понатамошната постапка“, информира портпаролот Марјан Јосифоски.
Во тек е увид што го води јавен обвинител, а учествува и екипа од СВР Тетово.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.