еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Три децении од падот на Берлинскиот, Европа „крева“ нови ѕидови

На денешен ден пред 30 години светот беше воодушевен од уривањето на Берлинскиот ѕид, кој беше изграден во 1961 година од комунистичкиот режим на Источна Германија за да се оддели источниот дел од градот од западен Берлин, кој беше под контрола на западните сојузници.

Паѓањето на сидот кој беше симбол на Студената војна меѓу Западот и Источниот блок на тогашниот СССР и обединувањето на Западна и Источна Германија што следуваше потоа даде силен елан на идејата за обединување на цела Европа.

Но, за жал денеска три децении по падот на Берлиснкиот ѕид се чини дека Европа повторно гради ѕидови, а идејата за силна и обедината ЕУ никогаш не била покревка и едвај се одржува на „стаклени нозе“.

Тоа се покажа и со последното фијаско на ЕУ, која не додели датум за почеток на пристапните преговори со Македонија и покрај тоа што нашата земја го смени името во Северна Македонија за да го реши спорот со Грција, кој беше посочуван како единствена пречка за европската перспектива на нашата земја.

Познато е дека главен противник на доделувањето датум за преговори беше Франција и нејзиниот претседател Емануел Макрон кој неодамна ги потопи надежите на земјите од Западен Балкан за членство во Унијата со обрзложение дека тој има поинаква визија за Европа и дека зачленувањето на овој регион во ЕУ не е неопходно.

Останува да се види дали во идниот период Франција и Макрон ќе останат на својот став, што дефинитвно ќе значи дека во Европа повторно се градат ѕидови на поделба наместо отвореност на континентот и негово обединување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Се одбележуваат три децении: Како изгледаше падот на Берлинскиот ѕид

Фото: Boston review

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ќе биде вклучена во Платформата за заедничко купување течен гас што го договорија ЕУ и САД

Редакција

ЈП за државни патишта склучи договор со „Жикол“ вреден 5,2 милиони евра

Редакција

Што открија Викиликс и Асанж: ЦИА прислушува преку телевизори и „паметни“ мобилни телефони

Редакција