еМагазин
Image default
Македонија

Три новозаразени и три лица оздравени од Ковид-19 во Кичево

Според податоците на Министерството за здравство во последните 24 часа, забележани се три новозаразени и три лица оздравени од коронавирусот во Кичево, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина моментално е 294 лица, од кои 28 се активни, 252 се излекувани и 14 лица се починати.

– Претходниве денови бележиме мал број на заболени од Ковид-19 и тоа придонесе да се спушти бројката на активни случаи на само 28. Во нашиот град од почетокот на пандемијата се евидентирани вкупно 294 случаи на инфицирани од овој вирус, бројот на оздравени изнесува 252, додека бројот на починати е 14.

Бидејќи и денеска нема никакви промени според податоците – тројца новозаразени и тројца оздравени, што значи продолжува поволниот тренд, кој би сакале да продолжи и во наредниот период, со мал број на новозаболени и секако поголем број на оздравени случаи, вели д-р. Џабир Бајрами, директор на Здравствен дом и член на Кризниот штаб на општина Кичево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 163 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје, Струмица и Куманово

Починаа уште седум лица од Ковид-19, меѓу нив струмичанка на 44 години

Убава вест: Оздравени 132 лица кои боледувале од Ковид-19

МИА/Фото: Општина Кичево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општите седници на Врховниот суд ќе бидат јавни

Редакција

Детали за грозоморното убиство во Гостивар: Синот ја пронашол масакрираната мајка

Редакција

Од Ковид-19 починале 29 лица, 6 се вакцинирани, 26 со коморбидитети

Редакција