еМагазин
Image default
Локално

Три пожари во скопско: Изгореа работлница, хангар и барака

На 28.10.2018 година околу 07.00 часот, во работилница за прозори и врати на улица „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, сопственост на С.П.(58) од Скопје, од засега непознати причини, избувнал пожар, при што биле опожарени врати, прозори, иверка и медијапан, како и машини за изработка на прозори и врати, информира МВР.

Од екипи на Бригадата за противпожарна заштита, пожарот бил изгаснат во 08.30 часот. Повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот.

На 28.10.2018 година околу 23.30 часот во еден од хангарите на земјоделската задруга „Слобода“ во село Зелениково, скопско, избувнал пожар при што изгореле околу 1.200 бали сено. Од екипа од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Увид ќе се врши во текот на денот.

На 28.10.2018 година околу во 23.55 часот на улица „Вамбел“ во Скопје избувнал пожар во барака сопственост на Е.Д., , а на соседната барака, сопственост на М.Р., и била опожарена кровната конструкција. Од екипа од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица. Увид ќе се врши во текот на денот.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бебе починало во дом во Шуто Оризари

Редакција

(Фото) Мечка нападна човек кај Македонски Брод, го спасиле ловџии кои случајно биле во близина

Редакција

(ВИДЕО) Силните болки во ногата го натераа малиот Марко да го прекине маратонот

Редакција