еМагазин
Македонија

Три жени починаа од Ковид-19 на штипското Инфективно одделение

Три жени од Кочани поради компликации од коронавирусот починаа на Инфективно одделение во Клиничка болница-Штип. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека две пациентки се од Кочани, а една од Делчево и се на возраст од 49, 61 и 81 година.

Изминатите 24 часа на ова одделение се лекуваат 54 пациенти, со што останат е слободен само еден болнички кревет. Изминатата недела на ова одделение се примаат пациенти во тешка состојба, а денеска таму на кислородна поддршка се над 20 пациенти.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека ангажирани се и лекарите од интернистичките гранки, како и од останатите одделенија, кои им помагаат на двајцата инфектолози и на медицинскиот персонал.

Во меѓувреме поради напливот на пациенти се одложи и реконструкцијата на Инфективното одделение, кое преку европски проект од Програмата за Меѓугранична соработка меѓу Бугарија и Македонија ќе добие нови прозорци, фасада и рампа за лицата со инвалидитет.

„Имаме две опции, едната е да бараме официјално одложување на проектот, а втората е реконструкцијата да се реализира по монтирањето на модуларната болница за ковид пациентите. Средствата треба да се искористат до јуни 2021 година. Се надевам дека напролет во рок од еден месец ќе се реализира овој проект“, вели Ѓеорѓијев.

Проектот за реконструкција на штипското Инфективно одделение чини околу 200.000 евра, а фирмата е избрана во март, но засега не може да почне со градежните активности.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) За кого носеше цвеќе министерот Бектеши на дочекот на Ципрас на скопскиот аеродром

Редакција

Нови 87 случаи на Ковид-19 од 2.953 тестирања, бројката на активни е 3.143

Редакција

Ахмети не се оградува од Груби

Редакција