Бизнисменот и најголемиот акционер во „Еуростандард банка“ која е во стечај, Трифун Костовски упати јавен повик до претседателот на Собранието, Талат Џафери, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Антикорупциска комисија и Министерството за внатрешни работи да се вклучат во истрагата околу случајот за стечајот на „Еуростандард банка“.
„Јас, Трифун Костовски ги повикувам горе наведените институции да се вклучат во истрагата околу случајот за стечајот на Еуростандард банка, кој изобилува со недоследности од страна на надлежните институции и многу нејасностии за носењето на оваа одлука.
Ги молам институциите да почнат да дејствуваат по принципот на допрен глас,“ се вели во соопштението до медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Телма
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.