еМагазин
Image default
Бизнис

Триглав осигурување лани работел со добивка

Tриглав Осигурување АД, Скопје заклучно со 31.12.2021 година оствари нето добивка од работењето во износ од 28.372 илјади денари, информира компанијата преку Македонската берза.

„Нето приходите од премија за 2021 година изнесуваат 885.457 илјади денари, кое што претставува намалување во однос на 2020 година за 3,2%, односно за 29.715 илјади денари.

Гледано аналитички, причините за намалувањето се: раст на бруто премијата за 101.254 илјади денари, што делуваше позитивно на нето приходите од премијата, раст на премијата предадена во реосигурување и соосигурување за 42.842 илјади денари, што делуваше негативно на нето премијата.

Промената во нето резервите за преносна премија, во споредба со 2020 година, влијаеше негативно за 88.127 илјади денари.

Приходите од финансиски вложувања изнесуваат 51.600 илјади денари и се за 1,4% пониски од 2020 година. 76% од овие приходи се однесуваат на камати, а 6% се однесуваат на приходи од наемнини.

Останатите приходи од вложувања главно произлегуваат од реализирана капитална добивка од продажба на финансиски средства. Падот на овие приходи во однос на минатата година се должи на пониските каматни стапки на финансиските инструменти кои преовладуваа годинава.

Приходите по основ на провизии од реосигурување изнесуваат 79.782 илјади денари и се повисоки за 13.948 илјади денари, односно за 21% во однос на 2020 година, во согласност со повисоката премија предадена во реосигурување.

Oстанатите осигурителни приходи, како и останатите приходи имаат индекс од 101 и 100 соодвентно, односно се на исто ниво како и во 2020 година.

Во делот на расходите, Друштвото ги оствари следниве резултати: нето расходите за штети се во износ од 470.225 илјади денари и се за 35.419 илјади денари (8%) повисоки од минатата година, главно поради поголемиот обем на бруто ликвидирани штети.

Останатите технички резерви се за 11.802 илјади денари намалени поради намалените резервации за менаџерско осигурување (дел од Класата 1 – Осигурување од незгода).

Трошоците за бонуси и попусти изнесуваат 33.195 илјади денари и се зголемени за 11% во однос на минатата година, главно како резултат на зголемените попусти во класа 02- здравствено осигурување.

Нето трошоците за спроведување на осигурувањето во деловната 2021 година изнесуваат 441.192 илјади денари, што претставува пад од 12,5% или 62.907 илјади денари во однос на истиот период претходната година.

Најголемо влијание за падот имаше позицијата „одложени трошоци за стекнување“, која минатата година претрпе значајна измена како резултат на промена на методологијата на пресметување согласно законските измени во областа на осигурувањето.

Трошоците од вложувања се во износ од 1.626 илјади денари и претставуваат намалување од 63% во однос на минатата година. Намалувањето се должи на пониско остварената загуба на придруженото друштво Триглав Живот.

Останати осигурително технички трошоци се во износ од 67.216 илјади денари и ова претставува раст од 10%. Главна причина за растот е префрлувањето на одредени трошоци кои претходно се водеа како „нето трошоци за спроведување на осигурувањето“ (адвокатски, нотарски и судски трошоци за наплата на премии, регреси и решавање штети).

Вредносното усогласување на побарувањата е зголемено за 4.405 илјади денари. Главна причина за зголемувањето е тоа што од 01.01.2021 година, согласно законската регулатива, повторно се применува старата методологија пропишана од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, согласно која роковите за почеток на пресметување на исправка на побарување по основ премија се пократки„, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Триглав осигурување Живот АД Скопје со нов Унит линк производ – одлична можност за балансирано инвестирање

НЛБ Банка Скопје, во соработка со Триглав Осигурување Живот, лансира нов производ Unit Linked – осигурување на живот со инвестиции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата не ги почитува работниците за најголемите празници, велат од Гласен текстилец

Редакција

Нема промени на цената на дизелот и бензинот

Редакција

Еуромакс целосно е посветена на заштита на животната средина – без цијанид и сулфурна киселина

Редакција