еМагазин
Image default
Локално

Трилер во Скопје: Арачиновец со возило спречил полицајци да приведат осудено лице

На 23.09.2019 во 18.45 часот во Полициска станица Гази Баба бил приведен Л.А.(20) од с. Арачиново, скопско, поради обид за спречување службено лице во вршење на службено дејствие, информира МВР.

Според пријавеното, околу 15.45 часот на ул.Радован Ковачевиќ, полициски службеници се обиделе да го приведат  М.А., кој се барал за издржување на казна затвор, но тој со патничко моторно возило „пежо 806“’ со скопски регистарски ознаки го напуштил местото на настанот.

Во обид да го престигнат, полициските службеници биле спречени од Л.А., кој управувал патничко моторно возило „ауди К-7“, со скопски регистарски ознаки. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филмски сцени во казино во Кочани: Тепал кого стигне, пукал и побегнал од полицијата

Редакција

На автобусот на ЈСП кој вчера се качи на жардиниера кај Мавровка, му се закочил воланот и бил технички неисправен, вели возачот

Редакција

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

Редакција