Трошоците на животот во септември годинава, во однос нa истиот месец лани, бележат зголемување од 6,6 %, а цените на мало од 4,7 %.
Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, се намалиле за 0,1%, а цените на мало за 1%.
Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2,7 %, маслото и маснотиите за 1,7 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 1,3 % и млекото за 0,4 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 34,8 %, туристичките аранжмани за 7,1 %, производите за домаќинството – нетрајни за 0,8 %, другите печатени материјали за 0,4 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0,3 %, малите алатки и останатите додатоци за 0,2 %.
Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај жестоките пијалаци за 2,3 %, јајцата за 2 %, виното за 1,9 %, сирењето и урдата за 1,2 %, месото, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1%, кафето, чајот, какаото за 0,9 %, рибата и морските плодови за 0,7 %, лебот и житата за 0,6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,5 %.
Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 10,6 %, мотоциклите за 8,6 %, течните горива за домаќинствата за 6,2 %, парамедицинските услуги за 5,4 %, гасот за домаќинствата за 4,6 %, горивата и мазивата за сопсветните превозни средства за 4,1 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 3,9 %, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 3,5 %, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 3,4 %, медиумите за снимање за 2,8 %, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 2,3 %, услугите за сместување за 2 %, медицинските услуги за 1,9 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето за 1,8 %, ткаенините за изработка на облека за 1,4 %, мебелот и покуќнината за 1,2 %, другите лични предмети за 1,1 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема.
Пораст е забележан и кај рестораните, кафулињата и слично за 0,9 %, игрите, играчките и хобијата за 0,8 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,7 %, моторните возила, накитот, часовниците и рачните часовници, другите услуги неспоменати на друго место за 0,6 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 0,5 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 0,4 %, облеката, другите услуги поврзани со станот неспоменати на друго место, домашните услуги и услугите за домаќинствата, терапевтските помагала и опремата, фризерските салони и центрите за разубавување, другите апарати и производи за лична хигиена за 0,3 %, актуелните ренти исплатени од станарите, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, теписите и другите подни покривки, патниот патнички транспорт, другото образование за 0,2 %.
Фото: Унсплеш