На 05.08.2019 година во 16,05 часот во СВР Скопје, машко лице пријавило дека на патот кон с.Горно Оризари, додека извршувал работни задачи во нива, која била во близина на патот, пронашол црна вреќа, во која имало човечки труп, информира МВР.
По наредба на јавен обвинител телото е пренесено во Судска медицина за понатамошна постапка. Утврдено е дека се работи за жена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.