ТТК Банка планира добивка од 62,2 милиони денари во 2020 година, што е речиси двојно намалување во однос на минатата година, кога добивката на банката изнесувала 108,3 милиони денари, покажува планот за билансот на успех на банката во периодот 2020-2022 година, објавен преку Македонската берза.
„Проекциите на билансот на состојба и успех се согласно првичните согледувања за последиците што ќе ги предизвика светската пандемија предизвикана од вирусот Ковид 19, која се наоѓа во нагорна фаза во Република Северна Македонија, во моментот на објавување на овие податоци“, велат од банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наталија Алексова реизбрана за член на Управниот одбор на ТТК Банка
ТТК Банка ќе исплати дивиденда спротивно на препораките од Народната банка
ТТК Банка на менаџерите лани им исплатила плати и надоместоци од 958.000 евра