еМагазин
Бизнис

Тутунски комбинат Прилеп лани со добивка

Финансискиот резултат на Тутунски комбинат АД Прилеп за периодот 01.01.2022 – 31.12.2022 година покажува добивка во износ од 140.103 илјади денари, информираат од Друштвото преку Македонската берза.

-Споредбено со претходната 2021 година во истиот период имаме позитивен финансиски резултат од 138.614 илјади денари пред оданочување, односно добивка по оданочување од 134.707 илјади денари.

Оперативните приходи за мал процент се намалени во однос на претходната 2021 година, и се со вкупен износ од 848.093 илјада денари. Причината за намалување на оперативните приходи е резултат на мал пад на приходите од продажба.

Оперативните расходи се намалени од 1.021.154 илјади денари на 905.243 илјади денари. Намалувањето на оперативните расходи најмногу е изразено кај ставката „Трошоци за суровини и други материјали“.

Финансиските приходи се зголемени од 196.415 илјади денари на 240.815 илјади денари споредено со претходниот период, односно истите се зголемени за 23%.

Финансиските расходи изнесуваат 41.620 илјади денари, што претставува намалување за 17% во однос на претходниот период, кога изнесувале 50.248 илјади денари. Ова намалување на финансиските расходи се должи пред се на намалувањето на расходите по основ на камати од работењето со неповрзани друштва и расходите по основ на курсни разлики од работењето со неповрзани друштва.

Сеопфатна добивка за периодот 01.01.2022 – 31.12.2022 година изнесува 140.103 илјади денари, наспроти добивка од претходниот период во износ од 138.614 илјади денари пред оданочување, односно добивка по оданочување од 134.707 илјади денари, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Афера „Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ ги објави платите на Жерновски и директорот на Тутунски комбинат Прилеп

Тутунски комбинат Прилеп со загуба во првите три месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пекабеско со раст на добивката за 4%

Редакција

„МЖ-транспорт“ бара од Владата да и отстапи 600.000 литри еуродизел од нафтените резерви

Редакција

АЕК: Промена на ТВ-каналите во одредени региони поради воведување 5G технологија

Редакција