еМагазин
Image default
Бизнис

УЈП задоволни од „МојДДВ“: Скенирани близу 2 милиони фискални сметки, повратот на ДДВ е 16 милиони денари

Заклучно со 11 јули 2019 година, скенирани се 1.964.811 фискални сметки, остварен е промет од 1.041.512.209 денари, а повратот од 15 % од пресметаниот ДДВ, изнесува 16.323.077 денари.

Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека граѓаните кои не се во можност да ја користат апликацијата „МојДДВ“ на своите телефони, може да ги користат услугите коишто ги нуди УЈП во сите свои Организациони единици кадешто фискалните сметки може да се скенираат на киоск апарати, баркод читачи како и паметни телефони на кои е инсталирана апликацијата „МојДДВ“.

„Управата за јавни приходи изразува задоволство од досегашната реализација на мерката и ефектите коишто се и во насока на намалување на сивата економија. Граѓаните инсистираат да им бидат издадени фискални сметки за производите коишто ги купуваат и за услугите коишто ги користат, а се почесто во Управата за јавни приходи се пријавуваат и нерегуларностите при издавањето, односно неиздавањето на фискални сметки“, соопштуваат од УЈП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зоран Трифуновски на местото на Хари Локвенец во Железници-Инфраструктура

Редакција

Во март пад на депозитите и раст на кредитите

Редакција

Отворен стечај за “Еуроникел индустри”

Редакција