Оперативци на Федералното биро за истраги (ФБИ) синоќа задржале осомничен од сојузната држава Џорџија за кој се вели дека подготвувал напад на Белата куќа и други објекти.
Обвиненија за подготовка на напади биле дадени на 21 годишниот Хашер Џалал Тахи кој бил упасен во рамките на истрага на ФБИ која траела од март 2018 година, кога имало дојава до полицијата од соседите дека осомничениот се радикализирал и се приклонил кон џихадизмот.
Од ФБИ сметаат дека тој планирал да изврши напад на Белата куќа, на Статуата на слободата во Њујорк, како и на споменикот на Вашингтон и момериалот на Линколн во главниот град на САД.
Се прецизира дека осомничеиот не знаел како да ја нападне Белата куќа и тој не поседувал оружје и експлозиви. Тој бил задржан кога купувал оружје од еден од агентите на ФБИ кој работел под прикритие.
МИА