Во обраќање до „Слободен печат“ уапсениот македонски дипломат Миле Миленкоски, кој е во екстрадикционен притвор во Врање, Србија, вели дека во доставените докази од Ерменија нема ништо што би укажувало на негова вина, ниту пак можело да има.
Тој верува дека Македонија е правна држава и, оттаму, верува дека надлежните во земјава ќе покренат брза постапка, со оглед на фактот дека во доказите за случајот според него се опфатени седум лица, од кои шест се државјани на Македонија.
„На овој начин правдата би била задоволена и случајот комплетно разрешен, што е моја најголема желба во моментов“, вели меѓудругото тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Засега нема барање за екстрадиција на притворениот македонски дипломат во Србија
За упасените дипломати ќе постапиме согласно меѓународните договори, вели Заев