Бебето родено на 14 април во ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, чија мајка е заразено со коронавирусот, е негативно на резултатот за COVID-19, соопштија од ЈЗУ ГАК -Скопје.
„Во вторникот вечерта во ГАК беше породена 28-годишна пациентка, за која вчера стигна позитивен резулат од тестот за COVID-19.
Пациентката немаше симптоми за коронавирус, беше породена спонтано, но затоа што е од кумановскиот регион, со неа уште од самиот прием на клиниката се постапуваше како со пациентка од ризично подрачје и по сите протоколи, и беше земен брис за COVID-19.
Брис од бебето беше земен откако пристигна позитивен резулатат за COVID-19 кај неговата мајка“, информираат од ГАК-Скопје.
Воедно од таму информираат дека вчера и мајката и бебето биле отпуштени од клиниката во добра здравствена состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директорката на кумановската болница не е позитивна на коронавирусот, но е во самоизолација
Починати тројца пациенти, оздравени 18 лица од корона вирусот
Вкупната бројка 1.117: Регистрирани 36 нови заболени од корона вирусот, 22 во Скопје