Во Дебар, каде што беше првото жариште на коронавирусот во државава и во последното 30-то по ред деноноќие нема новозаразени со Ковид-19.
Бројот на заразени останува 51, од нив двајца од Центар Жупа, сопружници кои беа и прводијагностицирани по нивното враќање од Италија. Од вкупната бројка 47 се излекувани,
додека четворица починаа.
– Денешните податоци од Министерството за здравство потврдуваат дека веќе еден месец нема новозаразени со Ковид-19. Тоа значи дека епидемиолошката состојба е стабилна, но сепак апелираме и понатаму строго да се почитуваат мерките и препораките на надлежните, бидејќи токму дисциплината е еден од главните елементи кои доведоа до надминување на претходната состојба, велат од општинскиот Оперативен штаб.
Кога станува збор за почитувањето на мерките и препораките, дебрани и понатаму со одредени исклучоци, пред се околу носењето заштитни маски, тоа го прават најсовесно.
И во текот на изминатото деноноќие не е регистриран прекршок за време на полицискиот час, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.
МИА/Фото: Општина Дебар
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени уште 16 заболени пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 1.251
Потврдени 17 нови случаи на заболени од корона вирусот, вкупната бројка е 1.740
Починаа уште двајца пациенти од корона вирусот, вкупната бројка до сега е 97