Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се регистрирани 1.347 оздравени пациенти кои боледувале од Ковид-19 и тоа од: Скопје – 780, Битола – 94, Куманово – 67, Охрид – 51, Штип – 44, Велес – 43, Тетово – 33, Кичево – 32, Гостивар – 21, Кавадарци – 20, Гевгелија – 19, Кочани – 16, Берово – 14, Струга – 12, Свети Николе и Ресен по – 11, Прилеп и Делчево по – 10, Неготино – 9, Крива Паланка – 8, Пробиштип и Дебар по – 6, Радовиш и Македонска Каменица по – 5, Виница, Демир Хисар и Кратово по – 4, Богданци и Пехчево по – 3, Македонски Брод и Валандово – 1.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 141.844, бројката на оздравени пациенти е 116.780.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 1.347 лица кои боледувале од Ковид-19
Нови 687 случаи на Ковид-19 од 3.050 тестирања
Фото: Министерство за здравство