Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа регистрирани се 305 оздравени пациенти кои боледувале од Ковид-19 и тоа од: Скопје – 105, Куманово – 39, Прилеп – 27, Велес – 19, Битола – 17, Тетово – 15, Кочани – 14, Охрид – 13, Кичево – 12, Штип – 9, Струмица – 6, Валандово – 5, Гостивар – 4, Струга, Гевгелија и Свети Николе – по 3, Кавадарци, Крушево и Пехчево – по 2, Берово, Виница, Демир Хисар, Кратово и Дојран – по 1.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 152.581, а бројката на оздравени пациенти е 133.070.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 4.891: Починаа уште 36 лица од Ковид-19, од нив три во домашни услови
Нови 214 случаи на Ковид-19 ид 2.276 тестирања
Фото: Министерство за здравство