еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Убава вест: Собрани парите за лекување на малиот Михаил од Тетово

За помалку од еден недела се собраа средствата потребни за лекување на Михаил Ристовски од Тетово, чии родителите побараа помош од јавноста. При раѓањето на Михаил пред една година и девет месеци му е повредена раката и не му е функционална.

„Благодарност до добрите луѓе преку кои успеавме да ги собереме паричните средства кои ни беа потребни за лекување на Михаил. Веќе не е потребно да се собираат средства.

Воедно сме благодарни и на белградската поликлиника „Виталис“ која на нејзина иницијатива ни донираше 10- дневна акупунктурна терапија која ќе биде бесплатна.

Освен за третмани со акупунктура во болницата, парите ќе се искористат и за други лекување во базен, физикална терапија во друга клиника или болница. Исто така парите ќе бидат искористени и за трошоци за пат, престој и се пропратно“, изјави мајката на Михаил, Благородна.

Лекувањето во болницата „Виталис“ во Белград треба да почне наредниот месец.

„Поради пандемијата ни јавија од болницата дека таму е многу ризично и во средината на јануари да стигнеме и да продолжиме со лекување. Една сесија акупунтура трае десет дена, но на нас ни се потребни повеќе сесии во зависност од тоа колку и како ќе попушти нервот на раката на Михаил.

Помеѓу две сесии треба да има еден месец пауза. На нас ни се потребни повеќе сесии, бидејќи не се знае кога ќе попушти нервот“, изјави Благородна.

Мирослав и Благородна освен Михаил имаат уште две ќерки.

МИА

ПОВРЗАНИ  ВЕСТИ

Потребни се 15 илјади евра за лекување на дете со неполни две години

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Битола е единственото место каде дискутираме за нашата работа и се дружиме, велат кинематографите на „Браќа Манаки“

Редакција

Пет стипендии од ЕСМ, МЕПСО и ЕВН за студентите на ФЕИТ

Редакција

7мо историско велосипедско патување – На 1ви од Скопје до Богомила

Редакција