еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: Во Прилеп излекувани вкупно 7 пациенти

Прилеп ја продолжи акцијата за делење заштитни маски на граѓаните, што ја започна за велигденските празници, а со оглед на мерките на Владата според кои од утре сите граѓани надвор од домовите, на отворено или во затворен простор треба да носат маски и ракавици, шалови, марами и други заштитни средства.

Ова е еден од заклучоците на прилепскиот кризен штаб кој, поради превентивна заштита, денеска седницата првпат ја одржа он-лајн.

Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, кризниот штаб ја разгледа моменталната ситуација во градот и донесе препораки.

-Дискутиравме за новите мерки што ги донесе Владата на Република Северна Македонија, а кои се однесуваат на трите најпогодени општини од коронавирусот, помеѓу кои се наоѓа и општина Прилеп.

Прво и најважно, од утре среда 22 април, се воведува мерка за забрана за движење на населението на подрачјето на општина Прилеп без носење соодветна заштитна опрема – маска, шал, марама и слично, надвор од своите деомови, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници, изјави Јованоски.

Општината им препорачува на граѓаните да го редуцираат излегувањето од своите домови. Тоа да го прават само од најнеопходни причини и излегување од домот на само еден член од семејството, поради купување намирници и лекови од маркетите и аптеките.

Со полицијата од утре е подготвен посебен оперативен план

-Оперативниот план се однесува на присуството и дејствувањето на полицијата на подрачјето на општината преку засилени патроли и засилено присуство, користење на мегафонска опрема на јавните места и површините за контрола за почитувањето на одлуките, мерките и препораките донесени од Владата, вели Јованоски.

Јованоски упати пофалба до прилепчани за почитувањето на мерките.

Инаку, до овој момент нема регистрирано новозаболени лица од корона вирусот.

Во Инфективното оддление се хоспитализирани 24 пациенти. Деветнаесет од нив се позитивни на коронавирусот, од кои тројца се на кислородна поддршка, а пет пациенти се наоѓаат во изолација, земен им е брис и се чекаат резултати.

Досега, во Центарот за јавно здравје вкупно се земени 460 материјали, од кои 117 биле позитивни.

Во Прилеп има седум целосно излекувани пациенти, со потврдени два последователно негативни брисови на Ковид-19. Шест пациенти се со еден потврден негативен брис, а за вториот се чека резултат.

Во самоизолација се наоѓаат околу 500 лица.

МИА/Фото: Општина Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Боговиње со најмногу, 24 заболени од коронавирусот во тетовскиот регион

Шефот на СЗО: Најлошото во врска со новиот коронавирус допрва претстои

СЗО: За потеклото на коронавирусот – сите докази упатуваат на лилјаци

Вкупно 1.231: Нови 7 случаи на заразени со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црвенковска да ги пријави сите притисоци или влијанија до институциите, порача Ковачевски

Редакција

Потврдено: На Клиниката за онкологија 8 вработени позитивни на корона вирусот

Редакција

Бугарија се однесува кон Македонија како Русија кон Украина, кажа Ковачевски на Самитот на Советот на Европа

Редакција