еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Убиствата во училиштето во Србија го вклучија алармот: Во МОН денеска средба на педагози, психолози, социолози

Инклузивна средба со претставници на академската фела денеска ќе се одржи во просториите на Министерството за образование и наука (МОН), со учество на универзитетски професори од областа на педагогијата и психологијата, социологијата, безбедноста и сајбер насилството и други.

По завршување на средбата, како што најави МОН, ќе бидат соопштени заклучоците, односно препораките, кои ќе бидат иницијален чекор за подигнување на институционалната грижа за правилен раст и развој на младите.

Од МОН потенцираат дека случувањата во нашето соседство вклучија сериозен аларм оти институционалната, семејната и индивидуалната посветеност и грижата за правилниот раст и развој на децата треба да се подигнат на уште повисоко ниво.

„Како креатори на образовните политики, Министерството за образование и наука заедно со Владата и сите други засегнати институции и установи, согласно своите надлежности, веднаш започнуваме со ревидирање на воспитната компонента на образовниот систем, механизмите за детекција на предизвици и формите на поддршка на учениците и семејствата.

Очекуваме поддршка од сите засегнати чинители, експертската јавност, граѓанскиот и невладиниот сектор, бизнис заедницата и меѓународните партнери, кои и досега имаат важен придонес во напорите за заштита на правата на децата, за заштита на физичкото и менталното здравје, спречувањето на врсничко и неврсничко насилство и така натаму.

Образовниот систем има примарна улога во градењето на младите како личности кои треба да ги прифаќаат и применуваат вистинските човечки, етички и морални вредности и норми. Но, какви генерации ќе создадеме не зависи само од наставниот кадар и стручните служби во училиштата. Тоа е обврска на сите општествени чинители“, се наведува во соопштението на МОН.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкав промет е остварен со акциите на Комерцијална, Алкалоид и Макпетрол во март

Редакција

Ќе „вриштат“ телефоните за постизборни математики: Левица и ДПА пресудни за нова Влада?

Редакција

„Благодариме Србија што ни ги спасуваш животите“: Српските медиуми за масовната вакцинација против Ковид-19 на регионов

Редакција