еМагазин
Image default
Македонија

Учениците се враќаат на настава, почнува второто полугодие

По тринеделен зимски распуст, основците и средношколците денеска се враќаат на настава – пред ИТ-уредите или во училишните клупи, за да го продолжат второто полугодие од учебната 2020/2021 година.

Според Министерството за образование и наука (МОН), комбинираниот модел бил успешно воспоставен во првото полугодие и затоа нема да се менува во вториот дел од учебната година.

– Во првото полугодие најголем предизвик беше како наставниците ќе се снајдат со онлајн- наставата. Но, овој предизвик е надминат и второто полугодие го продолжуваме по веќе воспоставениот хибриден модел: онлајн, со физичко присуство и со следење часови преку телевизија, рече министерката Мила Царовска пред два дена во телевизиско гостување.

Оценката на МОН е успешно прво полугодие – тек на наставата според планот, навреме завршено оценување, над 90 отсто ученици во онлајн-настава и помалку од 1 процент наставници и ученици активни на Ковид-19 во наставата со физичко присуство.

Согласно со измените на Календарот за организација на работата на училиштата (основни и средни), првото полугодие оваа учебна година почна еден месец подоцна, односно на 1 октомври, а бројот на наставни денови е намален од 180 на 159.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мајката на Мицкоски позитивна на корона вирусот

Редакција

Во првите осум дена попишани вкупно 419.485 лица, 129.614 домаќинства и 173.439 станови

Редакција

Спасовски: Ќе се открие кој ја нарачал опремата за прислушување и кој ја користел

Редакција